
Поп-пејачот Јоце Панов со месеци најавуваше спектакл по повод 25 години кариера. На 8 март во Македонската филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции.
Од ПР Тимот велат дека на овој проект пејачот работел интензивно месеци наназад. Вложен е многу труд,време и енергија и што е најважно огромна љубов.
На самиот влез секоја дама беше пречекана со роза и посвета потпишана од Јоце. Симфониски оркестар со повеќе од триесет музичари на сцена и сцена по највисоки стандарди. “Светско,а наше”- беа коментарите на публиката.
Со громогласен аплауз и овации од публиката беше награден моментот кога петгодишниот син на поп пејачот запеа заедно со својот татко. Крвта не е вода, не залудно се вели.
Емотивна бура доживеа публиката кога Јоце ја испеа песната напишана од неговата покојна мајка. Со солзи во очите и трепет во гласот, поп пејачот ја испеа песната во нејзина чест и ја расплака цела публика.