
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на почетокот на седмицата, откако минатата потона за повеќе од 3 отсто.
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата седмица, при што курсот на еврото во однос на доларот скокна за повеќе од 4 отсто, што е негова најголема седмична добивка во последните 16 години.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шесте други главни светски валути, во понеделникот претпладнето падна за 0,1 отсто на 103,59 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,45 отсто, на 147,60 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,1 отсто, на 1,0835 долари.
Цените на нафтата, сепак, паднаа и на почетокот од оваа седмица, па негативниот тренд на цените влезе во четвртата седмица. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,61 отсто, на 69,90 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,69 отсто, на 66,60 долари.