Марк Карни е новиот лидер на либералите и канадски премиер

Поранешниот гувернер на канадската централна банка, Марк Карни, победи во трката за нов челник на владејачката Либерална партија и ќе го замени Џастин Трудо на функцијата премиер, покажаа резултатите објавени во неделата.

Карни ја презема извршната власт во турбулентно време за Канада, која е во средиштето на трговска војна со долгогодишниот сојузник САД, а оваа година се соочува и со парламентарни избори.

Педесет идевветгодишниот Карни убедливо ја победи поранешната министерка за финансии Кристиа Фриленд, со 86 отсто од гласовите од нешто помалку од 152.000 членови на партијата кои гласаа.

Досегашниот премиер Трудо беше на власт повеќе од девет години, но во јануари најави дека ќе се повлече од функцијата, по остриот пад на неговиот рејтинг, што ја принуди Либералната партија да најде нов лидер.

„Нема простор за грешка, ова е клучен момент за нашата нација. Демократијата не е дар од небото. Не е ниту слобода. Ниту Канада“, рече Трудо.

„И сега, додека ние Канаѓаните се соочуваме со егзистенцијални предизвици и економска криза, покажуваме од што сме создадени“, изјави премиерот по неговото заминување.

Неговиот наследник нагласи дека е најдобриот кандидат за лидерската позиција, кој ќе ја оживее партијата и ќе ги надгледува трговските преговори со Доналд Трамп. Американскиот претседател им се заканува на северните соседи со дополнителни царини кои би можеле силно да ја погодат канадската економија.

Победата на Марк Карни е прва победа на кандидат надвор од светот на политиката. Иако нема политичко искуство, Карни како свој адут го наведе искуството како гувернер на две централни банки, на Канада и на Англија, па ќе знае како да се справи со Трамп, рече тој.

За време на кампањата, тој ги поддржа реципрочните царини против САД и координирана стратегија за поттикнување инвестиции. Дополнително, тој верува дека канадскиот раст под Трудо не бил доволен.

На почетокот од годината Либералната партија заостануваше 20 процентни поени зад конзервативците. Два месеци подоцна, двете партии се речиси изедначени на изборите, но ниту една не би можела да формира мнозинска влада.

Партиски извори велат дека новиот премиер во наредните седмици ќе распише парламентарни избори кои мора да се одржат најдоцна до 20 октомври.

Лидерот на Конзервативната партија, Пјер Поалиевре, неодамна либералите го споредија со американскиот претседател Трамп. Но, Поалиевре не им остана должен.

„Либералите ќе направат подла трик. Тие ќе се обидат да освојат четврти мандат со тоа што ќе го заменат Трудо со неговиот економски советник Карни. Доналд Трамп ќе има широка насмевка на лицето“, рече Поалиевре на предизборниот митинг.

Од друга страна, Карни одговара дека немал голема улога во советувањето на Трудо, нагласувајќи дека неговите бројни обврски на глобално ниво му оставиле малку време.