Онтарио ќе им наплати на корисниците на електрична енергија од САД за 25 отсто поскапо

Канадската пoкраина Онтарио во понеделникот објави дека на американските домаќинства ќе им наплати 25 отсто повеќе за електрична енергија, што ќе стапи на сила веднаш како одговор на американските царини неодамна воведени од претседателот Доналд Трамп.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, објави дополнителен надомест за извозот на електрична енергија за 1,5 милиони американски домови и бизниси што Онтарио ги снабдува во американските сојузни држави Минесота, Мичиген и Њујорк.

„Ќе извршиме максимален притисок за да го зголемиме нашето влијание“, рече Форд.

Според Форд, се проценува дека доплатата ќе чини до 400.000 канадски долари или околу 277.200 американски долари дневно, а на сметката на секој американски клиент ќе додава околу 100 канадски долари месечно.

„Да бидам јасен, нема да се двоумам да ја зголемам оваа таксата доколку е потребно. Доколку САД ја ескалира ситуацијата, јас нема да се двоумам целосно да ја прекинам струјата“, додаде тој.

Трамп неодамна започна трговска војна со американските соседи Мексико и Канада, наметнувајќи царини од 25 отсто на целиот увоз. Засега нема најава каков би била американскиот одговор на заканата од Онтарио.