Сончево со мала облачност

Во понеделникот на територијата на Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринските температури се минус 4 до 2, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 15 и 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер, со температура до 23 степени.