Тројца убиени, девет ранети по украински напад врз трговскиот центар во регионот Курск

Тројца цивили загинаа, а уште девет, вклучително и четворица тинејџери, се ранети по украински напад врз трговски центар во  Белаја во руската погранична област Курск, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот, Александр Хинштајн.

„Оваа вечер, украинските војници извршија напад врз трговскиот центар Добриња во селото Белаја. Тоа се случи кога луѓето пазареа по работниот ден. Според прелиминарните податоци, три лица загинаа, а уште девет се ранети“, напиша тој на каналот Telegram                                 . „Меѓу ранетите има четворица тинејџери на возраст од 13 и 14 години. За среќа, никој не е во тешка состојба.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и им посака што побрзо закрепнување на ранетите.

„Владата на регионот Курск ќе ја понуди сета потребна помош и поддршка“, додаде тој.

Вршителот на должноста гувернер изјави и дека меѓу ранетите има четворица тинејџери на возраст од 13 до 14 години.

Хинштајн извести дека настраданите се сместени во Централната регионална болница Беловскаја, каде што ја добиваат потребната помош. Во блиска иднина со авионска брза помош ќе бидат пренесени во регионалната клиничка болница.

Овој укаински напад врз цивилни цели во руската Курска област следи ден откако најмалку четири цивили, меѓу кои и еден малолетник, беа убиени во украински напад на пазарот во Великие Копани во јужната украинска Херсонска област во делот кој е по контрола на руските сили, според објавата на прес-службата на прорускиот гувернер на регионот ХКерсон, Владимир Салдо.

Четири други повредени во исклучително тешка состојба се испратени со брза помош на Крим. Останатите се на лекување во болницата Скадовск, се додава во соопштението.

Салдо во неделата ноќта објави дека украинските сили го погодиле пазарот во селото Велики Копани. Според него, биле истрелани два наведувани американски проектила со среден дострел HIMARS врз продажните места. Во тој момент таму имало десетици цивили, земјоделци кои дошле на пазарот да ги продаваат денеска своите производи.