
Општина Ѓорче Петров продолжува со модернизација на патната инфраструктура! Во тек е реконструкцијата на една од најголемите улици во населбата Даме Груев – улицата „Николај Островски“. Овој проект, вреден 3.200.000 денари, е дел од стратешките заложби на општината за подобрување на патиштата и условите за живот на граѓаните.
Во моментот се изведуваат градежни работи за поставување нов завршен слој на коловозот во должина од 600 метри, а паралелно се инсталира нова електрична инфраструктура за поставување улично осветлување.
По завршувањето на проектот, улицата ќе биде покриена со 3.600 квадратни метри нов асфалт, што ќе ја зголеми нејзината издржливост и функционалност.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека реконструкцијата е директен одговор на барањата на граѓаните и е дел од пошироката визија за унапредување на инфраструктурата во Ѓорче Петров.
„Оваа улица е една од најважните во населбата Даме Груев, а нејзиното реновирање значително ќе ја подобри безбедноста и квалитетот на движење за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме со реализација на капитални проекти кои носат вистински промени и ја модернизираат општината“, изјави Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на инвестиции во инфраструктурата, а граѓаните наскоро ќе добијат уште подобри услови за секојдневно функционирање.