АВМУ да се укине!

Крај на колумната

Христијане во следната колумна освен она што веќе го напоменав ќе пробам да Ви објаснам како на влада која е улогата на АВМУ во делот на авторски права. За жал пробав да искомуницирам со твојот, а од сега не и мојот Министер за неКултура и демек Туризам и да му ги дадам сите познавања за тоа како се пиратира на сите нивоа. Кога ќе те обучат Германци, Словенци, дел Амери и Холандези и ќе ти направат од 2003-2006 година не дабл туку квартер фандинг за да напишеш целосна стратегија за пиратерија сигурно е дека нема најголемо достигнување да ми биде д’ткач градоначалник во „Преспав“ и да ја вработам родбината ми во Музеј. Најверојатно сега ќе ти каже дека сум му досаѓал итн. Од почит кон Трендо и Пуно нема да давам дополнителни дисквалификации.

И дали Христијане твоите од АВМУ и Министеров за неКултура знаат што значи тоа новинарското дело како авторско право? Да не те лаже никој. 255 демек медиуми како МИА ќе се намалат на 30 (триесет), ќе создадат редакции итн. За други информации…

Оној што има свој интегритет знае да живее и аскетски, ама мозокот знае да си го сочува и нема намера да наштетува на поштени личности во своето опкружување.

Да живее Македонија

Почеток на колумната

Кој сака да го вметне Христијан Мицкоски и неговата партија во старо новиот концепт на „Заробена Држава“? Најверојатно со начинот на избор на членови на АВМУ самите себеси.

Инаку морам да признаам дека и оној велешанецон од Општина Аеродром г-дин Апасиев некогаш знае да „удене“ правилно прашање. Беше поставено до АВМУ за дел од законот каде е предвидено Одговор и Исправка. Апасиев ти бараш одговор од реинкарнацијата на тибетските монаси кои се заколнале на молчење. Патем прифати да бидеш гостин кај Мирчевски да те видам што мустра си. Да знае Димче Апасиев јас лично би го избричил ќелав и би му купил неколку бели кошули. Ама Димче е чакрлија одма во чест на Чавез и Енвер Хоџа ќе ја преименува партијата во Лос Левичос Сигурими.

За да можете да разберете за какво тело станува збор уште една мала шега. На г-динот Филков министер за правда, откако Апелација му даде намалување на казна на Боки 13 (Тредичи) за рекет, сега може слободно да си снимаш реклами од типот: „Со ракиите од областа Тиквеш, може од Камени Мост на задник да рипнеш“. Филков е стар мангуп и нормално слатко ќе се насмее.

Но, еве како би реагирале овие од АВМУ: Почитуван министре Ве информираме дека рекламирање на жесток пијалок е забранет во Македонија.

Патем до Филков, ова не е за смеење. Вашиот кандидат од ЗНАМ кој го промовиравте за член во АВМУ да му нацртам две овци Шар планина ќе ја изгуби.

Ова е првата колумна со овој наратив за укинување на АВМУ и конкретно оваа е посветена за вмешаноста во одлуката за доделување на лиценца за радиодифузна дејност на телевизијата на Боки 13 (Тредичи) од страна на АВМУ, а со наредба од лица кои биле во непосредна близина на СДСМ.

Кога збориме за АВМУ можам после 23 години, како човек кој ги прати сите збиднувања околу ова тело да констатирам дека после смената на три месеци пред истекот на мандатот на Мирче Адамчевски во 2008 година како Претседател на ова тело настанува потоп во регулацијата во медиумите и тоа она во стилот „Иде дунав и да погинеш колку можеш ќе се спасиш“.

Иако неговиот наследник Зоран Стефановски го сметам за голем другар, Мирче беше воспитан да ги брани новинарите ама во исто време да го слуша бизнисот и да не наштети на ниту еден засегнат во медиумите, ама кај Зоран одигра послушноста кон другарите од СДСМ посебно кога одлучи да одигра клучна улога за нарачката од нив за отворање на ТВ АЛФА и уште други девет ТВ станици демек национални кои ќе емитуваат сигнал преку сателит, а тие де факто се кабловски телевизии.

Да бидам прецизен, Роберто Беличанец тогаш ќе изјави: Збогум Новинарство!

Лично за Христијан Мицковски!

Мислам дека на сите мора да ни биде јасно во животот: Кој се фатил со Боки 13 (Тредичи) го добил до Балчак. СДСМ уште неможе да се „састави“ од љубовта со него, а да не зборам за Америте.

Боки 13 (Тредичи) на најголемиот бизнисмен во Македонија, заедно со Катица Јанева енд СЈО компани му смислија случај „Империја“ за да го изрекетираат милиони евра и никогаш парите да не се најдат. И не само тоа, туку го сруши Американскиот проект СЈО кој се покажа како најголем канцер на интелегенцијата на народот и правосудството.

Патем Боки 13 (Тредичи) низ новинарските кулоари си подлажнуваше дека телевизијата ја отвара со Велија Рамковски, а сега дека бил во договор со Вас Христијане од ВМРО за демек да го рушел СДСМ.

Лагите мора да прекинат. Ама сега малкуцка ќе го бранам Боки 13 (Тредичи). Зошто се умешани многу фактори.

Зоран Трајчевски од АВМУ (директоро) кога излегоа сите афери ќе му барал на Боки 13 (Тредичи) тајно содружништво зошто Миле му бил татко и сопственик на телевизијата. Тоа се вика да си го испере „газенцето“ што го дал под кирија? А, зошто не знаел или се правел дека не знае дека синот на Катица Јанева е директор на маркетинг во телевизијата и дека Зоран Заев го предупредува дека сите реклами кои ги зема Боки 13 (Тредичи) се рамно на рекет? Јас објавив кај Горан Момировски, а Миле татко му на Боки 13 (Тредичи) призна дека е така една година подоцна.

На кој финансиски основ му дал телевизија другаров на Боки 13 (Тредичи)? На двата стана што ги продал Миле? Не Христијане. Трајчевски Вашиот бивш организациски секретар си го спасувал функенионерското „газенце“ додека Ваши луѓе идеа по притвори и затвори.

За да се дознае како е финансирана телевизијата мора да се вклучат Бојан Христовски и Панче Тошковски. Да го послушаат мојот совет за туристичка посета на Јасен каде е скриениот град. Еден ченгел, за десна нога и за 20 минути има да признае следнава:

Банда од СДСМ и новинари која си смислила планче како да изрекетира граџевинци и они да бидат невини. Глупсонот, а он е нивни проект, Боки 13 (Тредичи) се излакомил, ама Виктор Грозданов има документи.

Христијане она што имам намера да го објавам во наредната колумна за финансирањето на телевизијата на Боки 13(Тредичи), нема баш да биде пријатно за одредени градоначалници и министри од СДСМ.

Ама и ти си имаш мани: Не слушаш пријатели.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес