
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари против Белорусија и Азербејџан во турска Анталија.
Станиќ повика 25 фудбалери, креирајќи го новиот состав на надежите кои преку двата пријателски натпревари ќе се подготвуваат за новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП.
Младите репрезентативци ќе бидат од 17. до 26. март на подготовки во Анталија, Турција. Првиот контролен дуел го играат на 21 март (14 часот) против соодветната селекција на Белорусија, додека вториот дуел против Азербејџан е закажан за 25 март (18 часот).
Селекцијата до 21 година квалификациите за ЕП 2026 ги почнува на 5. септември оваа година со гостувањето против Полска, а на 9 септември Македонија ја пречекува Италија во Битола.
Селекторот Горан Станиќ за подготовките и контролните натпревари во Турција се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Даниел Марковски – Јончепинг, Шведска
Андреј Аризанкоски – А.П. Брера
Анес Мелиќи – Шкендија
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Ѓорге Џеков – Силекс
Бенан Хамидовиќ – Магдебург, Германија
Андреј Велков – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – Работнички
Шабан Зенку – Струга ТЛ
НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Никола Величковски – Септември, Бугарија
Михаил Талевски – Вардар
Бесмир Даци – Шкупи
Кире Стојанов – Беласица
Никола Манојлов – Работнички