
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа изрази задоволство од подготвеноста и ажурноста на градоначалниците за понудената финансиска поддршка за инфраструктруни проекти со средства од државниот буџет.
Перински информираше дека заклучно со денешниот ден, на вториот повик поднесени се 308 апликативни формулари од повеќе од половина од општините во земјава. Во однос на состојбата со реализацијата на проектите од првиот повик, Перински изјави дека од вкупно 288 одобрени, само уште 15 не се започнати со теренска реализација