Руските сили напредуваат во истиснување на украинските војници од Курск

Руското Министерство за одбрана објави во вторникот дека неговите сили постигнале нови напредувања во регионот Курск, забрзувајќи ја својата обид да ги истера украинските сили кои држат дел од руската територија од август минатата година.

Министерството за одбрана соопшти дека Русија ја вратила контролата повеќе од 30 населени места и повеќе од 100 квадратни километри територија од преостанатие 400 кои до неделата ги контролираше украинската војска, во нејзиниот најнов пробив што дојде по наглото влошување на ситуацијата во Украина во изминатите неколку дена.

Јуриј Подољака, руски воен блогер со потекло од Украина чиј канал на комуникациската платформа Telegram го следат повеќе од три милионa луѓе, објави дека руските сили ја заземале областа околу градот Суџа, во близина на границата со Украина, и дека украинските војници се повлекуваат кон сопствената територија.

Загубата на тешко освоеното упориште Курск ќе ѝ нанесе голем удар на Украина во клучен момент кога американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот врз Киев да се согласи на брз крај на војната, што би претпоставувало и отстапка во територијални отстапки.

Ненадејниот украински продор и заземање дел од руската територија во август минатата година, прва инвазија на територијата на Русија по нападот на нацистичка Германија во 1941 година, треаше да го подигне моралот на украинските сили и да им зададе срамен удар на рускиот претседател Владимир Путин и неговите команданти.

Меѓутоа, ништо не се оствари и Москва започна со систематско уништување на најдобро обучените и најдобро опремени украински единици испратени во Курск, чии загуби се изразуваат досега во повеќе десетиции илјади загинати и стотици унишитени тешко оклопни борбени возила, вклучително и западните тенкови.

Киев, исто така, се надеваше дека ќе може да го искористи Курск во преговорите за враќање на дел од својата окупирана територија.

Највисокиот украински генерал, Русинот Александар Сириски, во понеделникот негираше дека украинските војници во регионот Курск се во опасност да бидат опколени, како што изминатите денови известуваат западните медиуми и украинските воени блогери. Сирски рече дека ситуацијата е под контрола, но навести дека силите на Киев се повлекуваат. „Единиците преземаат маневарски мерки кон поволните позиции за одбрана“, рече тој.