
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, при денешната посета на Приштина, изјави дека дијалогот помеѓу Косово и Србија е единствениот начин за решавање на отворените прашања.
-За овој дијалог да продолжи напред, двете страни мора да покажат флексибилност, да ги направат потребните компромиси и да се фокусираат на долгорочните придобивки, наведе Руте на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи.
Според Руте нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе донесе стабилност и безбедност во целиот регион.
-Стабилноста во регионот на Западен Балкан зависи од тоа сите земји да изберат дипломатија наместо насилство. Решението за долгорочен мир е политичко, посочи генералниот секретар на НАТО.
Османи ја обвини Србија дека ги поткопува „напорите за мир и стабилност“ и оти Белград има за цел да го дестабилизира Косово со помош на Русија и други фактори
Предвидено е Руте да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти.