Со паркингот на Клинички центар нема да управува „Ѓока Констракшн“, во игра се две решенија

Министерството за здравство се откажа од решението со паркингот на Клинички центар да управува албанската фирма „Ѓока Констракшн“ преку концесија, откако во јавноста протекоа наводни информации за неправилности во изградбата на автопатот Тирана-Кичево, граден од оваа компанија, при што се срушиле тунели заради употребата на стиропор во цементната конструкција.

Информацијата дека Министерството се откажува од концесиски договор со „Ѓока Констракшен“ ја соопшти министерот Арбен Таравари на прес конференција.

Решението за паркингот ќе се бара во две можни решенија – првото е ЈП „Градски паркинг“ да изгради две катни гаражи и да ги управува, а второто е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар.