
Во вторникот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
Утринските температури се движат во интервалот од 0 до 5, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат меѓу 14 и 23 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 23 степени.