Вистинска драма при полицискиот претрес – пратеникот Јахоски во обид да ја саботира акцијата?!

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на едно од лицата осомничено за учество во сомнителните набавки на нафтени деривати, поточно осомничениот Асмир Јахоски наместо мирнo да се соочи со органите на прогонот, неговиот татко пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, направил вистински хаос, дознава НетПрес од извори во истражните органи!

Според нашите информации, пратеникот одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии и при тоа одбивајќи ги наредбите на полицијата и повикувајќи се пратеничкиот имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе за да го спроведе истражното дејствие, истиот се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки.

Исто така, нашите извори велат дека во текот на акцијата, ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.

Дали ова ќе го потврди полицијата, ќе бараме одговор во текот на денот.

Оваа акција е дел од пошироката истрага за незаконските набавки на нафтени деривати, а истражните органи најавуваат дека ова е само почеток – никој што го труе и краде својот народ нема да остане недопрен од правдата!