Милевски го објави списокот на репрезентативци за мартовските квалификации

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го започне новиот циклус квалификации за Светското првенство во март. Првиот дуел ќе се одигра против Лихтенштајн, а селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за двата важни натпревари.

На списокот се најде дебитантски повик за младото офанзивно засилување, Лука Станковски, кој импресионира со играта во српски Раднички Крагуевац. По пауза од два собири, во репрезентацијата се враќа и Агон Елези, кој ја продолжи успешната форма во хрватска Горица. Исто така, по неколку пропуштени натпревари, во тимот се враќа и Дејан Илиев.

Селекторот Милевски со стручниот штаб ќе ги пречека фудбалерите в понеделник во хотелот „Хилтон“ во Скопје, по што ќе следуваат тренинзи пред патувањето кон Лихтенштајн за првиот натпревар на 22 март. По оваа пресметка, Македонија ќе игра и против Велс на домашен терен, на Арената „Тодор Проески“, на 25 март.

Список на повикани играчи во А-репрезентацијата: