Пес си го застрела сопственикот

Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговиот пес, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.

Во понеделникот вечерта, едногодишен питбул „скокна на креветот и ја заглави шепата“ на чкрапалото и пукаше, соопшти полицијата во извештајот испратен до AFP во средата.

Жртвата била ранета во ногата и со полесни повреди е пренесена во болница.

Полицијата пронашла чаура, но не и оружјето со кое бил испукан истрелот, кое го зела партнерката на настраданиот и го напуштила местото пред да пристигне полицијата.

Инцидентот е класифициран како несреќен случај, според полицијата во Мемфис.

Со повеќе огнено оружје во оптек отколку што има населние, Соединетите држави имаат највисока стапка на смртност од оружје од која и да е друга развиена земја.

Покрај масовните убиства кои редовно ја погодуваат земјата, вклучително и оние во училиштата, локалниот печат известува за бројни, понекогаш и трагични инциденти во кои се инволвирани мали деца и домашни миленици.