
Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
СДС и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра. Трговија со канцероген мазут, кој го труел народот, а виновниците се ослободуваат со симболични мерки.
Судиите и обвинителите на СДС и ДУИ, наместо да ги гонат криминалците, ги пуштаат на слобода со домашен притвор. Синот на омилениот пратеник на Филипче, Исмаил Јахоски, за кој има основано сомнение дека е дел од оваа шема, добива само одземен пасош. Нема вистинска истрага, нема вистинска правда – само заштита за блиските на врвот на СДС и ДУИ.
Кој се штити со оваа одлука? Во истата мрежа се бизнис партнери на внукот на Али Ахмети, луѓе од највисоките ешалони на ДУИ и СДС. Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух, криминалните елити на овие партии се богатат од трговија со опасни супстанции.
Но, најголемиот скандал е бегството на Васко Ковачевски, екс-директорот на ЕСМ и долгогодишен човек на СДС. Наместо да одговара пред институциите, тој денес е во бегство, додека неговите покровители од власта прават сè за да го заштитат.
Ова е класична приказна на СДС и ДУИ – корупција, криминал, бегство од одговорност и комплетна злоупотреба на институциите. Граѓаните не забораваат. Одговорност мора да има, а вистинската правда ќе дојде многу скоро.