
Градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески, најави дека почна да се гради водоводот во селото Сланско, капитален проект финансиран од ценралната власт.
Тој на својот Фејсбук профил напиша:
„Започнавме со реализација на уште еден капитален проект „Водоснабдителен систем за с.Сланско”!
Со овој проект во голема мера се обезбедува:
Поголема количина на водата !! Зголемен квалитет на водата !!Заштита на животната средина!!
Средствата се обезбедени од Владата на Република Македонија!!“