Засилено полициско присуство низ државата – се спроведуваат акции против уличното дилерство и нелегалното оружје

Бирото за јавна безбедност при МВР спроведува координирани претреси на повеќе локации низ целата територија на Македонија, неофицијално дознава „Нетпрес“.
Активностите се насочени кон сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје.

Според наши информации, акциите се одвиваат во рамки на оперативната акција „Чистач“, која функционира во Бирото веќе неколку месеци.
Уличното дилерство е распространета мрежа составена од различни криминални групи кои, за личен профит, ги таргетираат и анимираат најмладите и најранливите категории граѓани.

Со овие активности, полицијата покажува јасна волја и решителност да го минимизира ова зло, кое демне низ улиците, клубовите и училиштата – зло кое криминалните групи го користат за остварување профит на грбот на невини деца и граѓани, уништувајќи цели генерации.