Променливо облачно со локални врнежи

Во четвртокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд и грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 7 и 11, додека највисоките дневни соодвенот ќе бидат од 13 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи со максимална температура до 24 степени.