Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (WBO).
Од WBO додаваат дека Усик има 30 дена да ги договори условите за борбата за одбрана на титулата против Паркер.
Со неговата победа против Британецот Тајсон Фјури минатата година, Усик стана првиот боксер во последните 25 години што ги обединил шампионските појаси на WBC, WBA и WBO. Потоа најави дека ќе настапи во уште две борби пред крајот на кариерата, а неговата прва одбрана на титулата требаше да биде против подобриот од Паркер и Британецот Даниел Дубоа, што требаше да се одржи на 22 февруари во Ријад.
Сепак, Дубоа се повлече од борбата и беше заменет со Конгоанецот Мартин Баколе, кого Паркер го победи во само две рунди.
И покрај тоа, Дубоа се надеваше дека ќе договори борба со Усик во која Украинецот ќе ги донесе своите три појаси, а тој ќе го донесе својот, кој го држи според верзијата на IBF.
Паркер беше светски шампион на ВБО од 2016 до 2018 година.