
ОВЕН
Денеска повеќе внимавајте на вашето здравје, особено ако сте биле преуморни во текот на седмицата или нешто ве направило нервозни. Спортот или разговорот со пријатна личност ќе ви го обезбедат потребниот душевен мир. Оние од вас кои имаат креативно хоби можат да постигнат добри резултати, но немојте да се преоптоварувате, бидејќи тоа лошо ќе влијае и на вашето тело и на вашата психа.
БИК
Денеска ќе треба да вложите повеќе труд за да ја одржите хармонијата дома. Комуникацијата ќе се заснова повеќе на емоциите отколку на здравиот разум, па сосема е можно некој да се изрази погрубо. Не дозволувајте другите да ве вовлечат во нивните битки, туку останете неутрални.
БЛИЗНАЦИ
Денеска вашите зборови ќе имаат особена моќ, затоа внимавајте како ги користите. Можете да инспирирате некого, да го убедите во нешто или да го срамнете со земјата. Ако некој ве навреди, не брзајте да одговорите – личноста можеби не го мислела она што вие го мислите.
РАК
Бидете внимателни со комуникацијата денеска. Вашата директност може да ви направи проблеми, друго лице може погрешно да ги разбере вашите зборови или да се чувствува навредено. Добро е да се каже вистината, но запомнете дека постојат различни начини да го направите тоа. Во моментов не е соодветно директно да се изјаснувате.
ЛАВ
Денеска нема да ви биде лесно да внесете јасност, на сопствените мисли и на односите со другите. Нормално е да се плашите од неуредни ситуации и хаос, но не се обидувајте да воведете ред по секоја цена, напорите ќе ве исцрпат и не е ни чудо што нема да напредувате.
ДЕВИЦА
Денеска е добро да посветите повеќе внимание на себеси, особено ако работните обврски и грижата за блиските ве исцрпиле во текот на семицата. Однесувајте се кон себе на некој пријатен начин, одморот и креативните активности ќе имаат позитивен ефект врз вас. Можете, исто така, да се подвргнете на третман за разубавување.
ВАГА
Денеска ситуацијата во домот ќе биде понапната. Може да слушнете од некој зборови што ве повредиле, иако личноста веројатно не сакала. Денеска ризикот од недоразбирања ќе биде голем, па подобро е да не навлегувате во тоа. Иако денот е слободен ден за повеќето луѓе, вниманието на многумина од вас ќе биде окупирано со работните работи.
ШКОРПИЈА
Денешниот ден ќе биде понапрегнат и сѐ тешко ќе постигнете, што ќе ве направи уште понервозни. За да ги минимизирате негативните ефекти, фокусирајте се на сопствената личност и игнорирајте што прават или зборуваат луѓето околу вас. Физичката работа и движењето ќе ви направат добро и ќе ви го одвлечат вниманието.
СТРЕЛЕЦ
Денеска постои можност однесувањето на некој ваш близок да ве иритира. Ќе бидете успешни ако процените што е под ваша контрола и соодветно може да се промени, а што е подобро да го прифатите бидејќи не зависи од вас.
ЈАРЕЦ
Денеска не останувајте долго пред екранот, бидејќи тоа лошо ќе влијае на вашиот нервен систем. Ако е можно, целосно заборавете на компјутерот и поминувајте повеќе време надвор. Ова ќе биде добро и за вашето тело и за вашата психа. Ако се чувствувате лошо, можеби ќе сакате да ги истурите вашите чувства на лист хартија, бидејќи пишувањето денеска ќе има силен терапевтски ефект.
ВОДОЛИЈА
Денеска ќе биде добар ден за исполнување на неисполнетите ветувања кон вашите најблиски. Размислете и за вашиот професионален развој, особено ако вашата работна ситуација е нестабилна. Наместо да влегувате во вербални препукувања и ментално да се оптоварувате, барајте нови можности и начини да стекнете нови вештини.
РИБИ
Доколку денеска по секоја цена се обидувате да ги остварите своите намери, може да наидете на отпор од партнерот или друга личност. Наместо тоа, ќе мора да се соочите со реалноста. Не влегувајте во жестока расправија, особено ако се грижите за другата личност – дури и ако успеете да ја победите со зборови, победата може скапо да ве чини.