
Унгарија бара раководството на ЕУ да воспостави мир во Европа и се противи на избрзаниот прием на Украина во ЕУ. Ова се наведува во 12 барања до Брисел, објавени од премиерот Виктор Орбан по повод националниот празник – Денот на револуцијата од 1848 година.
Ден претходно премиерот изјави дека Брисел сака Украина да стане членка на Европската унија до 2030 година, но последниот збор го има Будимпешта. Додаде дека влегувањето на Киев во заедницата ќе ја уништи унгарската економија.
„Што бара унгарскиот народ од Брисел? Нека има мир, слобода и единство“, напиша Орбан денеска на Х.
Првата точка беше повикот да се создаде „Европа на нациите“, по што следи барањето за еднаквост пред законот за сите земји-членки на ЕУ. Тој, исто така, се залага за враќање на овластувањата незаконски одземени од нациите, како и за националниот суверенитет и силно право на вето за владите на земјите-членки.
Оран, исто така, наведува дека Унгарија се противи на обидите на челниците на ЕУ да ги ограничат овластувањата на одделни земји од Унијата и, особено, да им го одземат правото на вето на најважните политички одлуки што се онесуваат на целиот сојуз, коишто мора да бидат донесени со консензус.
Орбан, исто така, ги посочи „недозволивото мешање во работите на суверените држави“ од страна на Брисел и фондациите на Џорџ Сорос, создадени од американскиот финансиски шпекулант со унгарско потекло за промовирање на лево-либералните идеи низ светот.
Повика на протерување на агентите на американскиот милијардер Џорџ Сорос и отстранување на корумпираните лобисти од Европскиот парламент и ликвидација на долгот на ЕУ за тој да не им биде префлрен на внуците.
„Не се мешајте во заштитата на границите и не внесувајте мигранти и протерувајте ги оние кои пристигнаа илегално“, додаде премиерот.
Шефот на унгарската влада побара така и да се запре протокот на корумпирани пари во земјите на ЕУ, да се забрани неприродното превоспитување на децата и да се заштити христијанското наследство на Европа.
Унгарија, исто така, бара ЕУ „да го заштити европското христијанско наследство“, што значи спавување со илегалната миграција од муслиманските земји во Азија и Африка.
На 15-ти март, Орбан одржа говор во Будимпешта по повод Денот на револуцијата од 1848 година, во кој ги изнесе овие барања за Брисел.
Зборувајќи за Украина, тој истакна дека челниите на ЕУ не сакаат да ѝ помогнат на оваа земја, туку настојуваат да ја колонизираат и за таа цел ја туркаат да ја продолжи војната со Русија.
„Владетелите на Европа одлучија дека Украина мора да ја продолжи војната (против Русија) по секоја цена, а за возврат таа брзо ќе добие членство во ЕУ, за што сепак ќе треба да платиме. Имаме само еден одговор на ова – Европската унија, но без Украина“, рече унгарскиот премиер.