Преглед Премиер лига: Нов кикс на Манчестер Сити

Во последниот натпревар од саботната програма од 29. коло на англискиот фудбалски шампионат, Брентфорд го совлада Бурнмаут како гостин со 2:1 (1:1). Домашните поведоа со автоголот на Џанелта во 17. минута, но бодовите за гостите донесоа Виса во 30. и Норгаард во 71. минута.

Брентфорд со овие три бода се искачи на 11-то место со 41 бод, три помалку од деветтопласираниот Борнмаут.

Фудбалерите на Манчестер Сити претрпеа нов кикс во англискиот шампионат оваа сезона, ремизирајќи само 2:2 (2:1) против Брајтон и Хоув Албион и уште повеќе се оддалечија од можноста за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Четирикратниот последователен шампион Сити двапати водеше преку Халанд од пеналот во 11. и Мармуш во 39. минута, но Еступинан во 21. минута од слободен удар и несмасниот автогол на Хусанов во 48. минута ги враќаа гостите во егал.

Сити е петти на табелата со 48 бодови, еден помалку и натпревар повеќе од четвртопласираниот Челзи, кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. Брајтон е седми со 47 бодови, исто колку и шестопласираниот Њукасл Јунајтед.

Ливерпул води со 70 бодови, Арсенал е втор со 15 помалку, а трет е Нотингем Форест со 16 бодови помалку, иако денеска оствари гостинска победа од 4:2 кај Ипсвич Таун. Форест имаше сигурно водство со погодоците на Миленковиќ 35, Еланга 37, 41, Јота Силва 87, додека дебаклот на домашните го ублажија Кажусте 82, Хирст 90+3. минута. Ипсвич е во зоната на испаѓање, 18-ти е со 17 бодови, девет помалку од најблиското место кое обезбедува опстанок.

Саутемптон загуби од директниот конкурент во борбата за испаѓање, Вулверхемптон Вандерерс со 1:2 и практично остана без шанси за опстанок. Странд Ларсен во 19. и 47. минута им донесе водство на „Волците“ од 2:0 пред Онуачу во 75. минута да го олесни поразот на „Светците“.

Последнопласираниот Саутемптон остана на 9 бодови, дури 17 помалку од 17-от Вулверхемптон кој го држи последното место кое обезбедува испаѓање.

Евертон со голот на О’Брајан во првата минута од судиското продолжение на натпреварот спаси бод на домашен терен против Вест Хем Јунајтед кој поведе во 67. минута со погодокот на Соучек. Евертон остана 14-ти со 34 бодови, колку што има и Вест Хем две места подоле. Меѓу нив е Манчестер Јунајтед со ист број бодови но со натпревар помалку.