
Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години. 180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко Петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, истакна на денешната прес конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила на Пуцко Петрол, Јахоски и РКМ. Имено, Асмир Јахоски, Пуцко Петрол, од СДС како централна и локална власт за седум години добил над 180 милиони евра во тендери. Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување“, рече Стојаноски.
„И СДС, освен да молчи и да стои со наведната глава, нема право буква една да изусти. Затоа што криминалите ги правел во нивно време и тие го толерирале, нивниот судско обвинителски систем му ги намалува сега мерките за обезбедување присуство. Тоа е истиот систем кој СДС го брани, а почива на погрешните кадри во Судскиот совет. СДС свесно го толерирале Пуцко Петрол. И овозможиле Пуцко Петрол и РКМ во набавка на мазут да свртат стотици милиони евра, за што главна асистенција им правел директорот на ЕСМ во бегство, Васко Ковачевски.
Пуцко Петрол и Асмир Јахоски беспрекорно функционираат на државните тендери додека СДС владее и во значаен дел од тендерите тие се и единствен понудувач. азработената шема на Пуцко Петрол и СДС ги чини граѓаните и живот.
Секогаш кога ќе помислиме на загаден воздух, тука е Пуцко Петрол и РКМ да не потсетат зошто е тоа така, но и кој е причината, која не смее да се повтори“, рече Стојаноски.