Ракетата со роботот на „Tesla“ подготвена за патување до Марс до крајот на 2026-та

Милијарерот Илон Маск, основач на вселенската технолошка компанија „SpaceX“, во петокот изјави дека ракетата „Starship“ ќе биде подготвена да лета на Марс кон крајот на следната година со роботот „Optimus“, кој го развива неговата друга компанија „Tesla“.

Маск во објава на социјалната мрежа X рече дека луѓето би можеле да пристигнат на Марс веќе во 2029 година, но дека е поверојатно тоа да се случи во 2031 година доколку првичните слетувања поминат добро.

Маск во текот на конференцискиот повик во април минатата година им кажа на инвеститорите дека очекува „Optimus“ да може да ги извршува задачите до крајот на 2024 година.

Агенцијата Reuters потсетува дека во ноември цитираше извори кои велат дека сонот на Маск да испрати луѓе на Марс ќе стане поголем национален приоритет за време на американскиот претседател Доналд Трамп, што сигнализира големи промени за месечевата(лунарната) програма на американската агенција за вселенски истражувања NASA и поддршката за „SpaceX“.

Ракетата „Starship“ е клучна за идните лансирања на сателити на „SpaceX“, сектор во кој моментално е водечки со својата делумно повторлива ракета „Falcon 9“, како и со аспирациите на Маск да подигне човечки колонии на Марс.