Зеленски: Територијалното прашање е „комплицирано“, за него треба да се дискутира подоцна

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во саботата дека прашањето за териториите во украинската војна со Русија е „комплициано“ и дека за него би требало детално да се дискутира во подоцнежниот прериод, пренесува Reuters.

Зеленски ја дал оваа изјава на брифингот одржан за новинарите во Киев.

Уште еднап истакнал дека Украина нема да ја признае окупираната територија како руска, како и дека не знае за што точно разговарале американските и руските функционери во текот на вчерашните и неодамнешните разговори во Москва.

Зеленски во саботата рече и дека ги повикал западните сојузници на Киев да дадат „јасна позиција“ за безбедносните гаранции, вклучително и за потенцијалниот контингент странски војници на украинска територија со помош на САД.

Неговите коментари уследија откако британскиот премиер Кир Стармер одржа виртуелен разговор со другите европски челници и сојузници, вклучително и со учество на Зеленски, каде што Стармер рече дека „коалицијата на подготвените“ ќе помогне да се обезбеди Украина „на копно, на море и на небо“ во случај на мировен договор со Русија.

„Треба да продолжиме да работиме на контингентите кои ќе ја формираат основата на идните вооружени сили на Европа. Мирот ќе биде посигурен со европските контингенти на теренот и американската страна како гарант“, рече Зеленски во објавата на X со слика на која учествува во повикот.

Стармер, исто така, повика на безбедносна поддршка од САД за да помогне да се обезбеди траен мир меѓу Русија и Украина во тригодишната војна.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека во принцип го поддржува предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен прекин на огнот со Украина, но дека Русија ќе разговара за поединости и нема да го запре своите операции во Украина додека не се разработат неколку клучни услови, особено имајќи ги предвид пропаѓањата на досегашните мировни преговори почнувајќи од Минските договори од 2014 година, за што Москва ги обвинува „западните спонизори на режимот во Киев“.

Зеленски ги повика европските лидери да го отфрлат противењето на Путин кон европските мировници во Украина и го обвини рускиот пртседател за застој во мировните напори.

„Примирје веќе можеше да се случи, но Русија прави сѐ за да го спречи тоа“, рече тој.

Руските функционери го сметаат предлогот за триесетдневно примирје како обид да се даде можност украинската армија да се консолидира по континуираното губеење на позициите од ланското лето и меѓу другото посочува дека во тој период Киев би требало да ја запре мобилизацијата, да не се изведуваат обуки на војската и да запре испораката на западното оружје во Украина.

Москва повеќепати порача дека за неа воопшто не е прифатливо разместување на какви и да се таканаречени мировни сили, особено од земјите членки на НАТО кои го снабдуваат Киев со оружје и од кои многу платении веќе се борат во редовите на украинските сили.