
Дваесет иседум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство информира дека се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот.
Петмина пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од хируршката клиника „Свети Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”. Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.
Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште петмина пациенти за Бугарија и пет за Србија.
Осум пациенти се во моментот на аеродромот во Скопје и ќе се пренесат во болниците Пирогов во Софија и во Варна.
Претходно три пациенти од Клинички центар со возила опремени за интензивна нега тргнаа кон Солун во болницата Папаниколау.