Амбулантните возила на клиниката „Аџибадем Систина“ ги транспортираат настраданите кои ќе бидат згрижени во странсво

Трите амбуалнтни возила за итен медицински транспорт на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, придружени со комплетен медицински тим на болницата, ги примија повредените пациенти од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кои ќе бидат транспортирани во здравствена институција надвор од границите на државата.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува на располагање со сите свои капацитети за бесплатна помош за сите повредени пациенти на кои им е потребна медицинска грижа.