
Андреј Ѓоргиески дел од дуото ДНК за жал го загуби животот по пожарот кој се случи синоќа во Кочани, откако им подлегнал на повредите здобиени во пожарот.
Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Според информациите на телевизијата Андреј од Штип бил пренесен во Скопје каде им подлегнал на повредите.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Вонр. проф.м-р Сара Пројковска, е меѓу загинатите во трагичниот настан во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Во пожарот животот го загуби и Горги Горгиев од ДНК, а меѓу загинатите е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитарист во ДНК.