Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров им подлегна на повредите здобиени во пожарот во Кочани

Младиот фудбалер Андреј Лазаров, членот на скопски Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница.

Откако јавноста објави дека се бара Андреј Лазаров, се огласи Шкупи од каде посочија дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров не издржа, заради изгореници и вдишување на чад почина на 25-годишна возраст.

Младиот кочанчанец оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.