
Кинескиот претседател Kси Џинпинг ја одби поканата да го посети Брисел на самитот по повод 50-годишнината од дипломатските врски меѓу Европската унија и Кина, објави во неделата Financial Times.
Пекинг им кажа на претставниците на ЕУ дека премиерот Ли Кианг наместо со Кси ќе се сретне со претседателите на Европскиот совет и Комисијата, пишува FT цитирајќи две неименувани лица запознаени со ова прашање.
Кинескиот премиер обично присуствува на самитите кога тие се одржуваат во Брисел, додека претседателот е нивен домаќин во Пекинг, но ЕУ сака Кси да присуствува на одбележувањето на половина век односи меѓу Пекинг и Унијата, пишува весникот.
Тензиите меѓу Брисел и Пекинг се зголемија по руската инвазија на Украина во 2022 година, при што ЕУ ја обвини Кина дека го поддржува Кремљ, пишува FT.
Минатата година Европската унија воведе царини за увоз на кинески електрични возила.
„Во тек се неформални разговори, како за одредување датум за самитот ЕУ-Кина оваа година, така и за нивото на застапеност“, изјави претставник на ЕУ за весникот, додека кинеското министерство одговори дека не може да каже ништо за тоа.
Европската унија не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.