Објавени телефонските линии за дополнителни информации за состојба на пациентите

Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:

ГОБ 8 Септември – 071226764
Клинички центар- 070387115
СВ Наум Охридски – 075203026

Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти, се наведува во соопштението.

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со здравствените институции, внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега.

Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените.

Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош.