Официјално 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани

Искри од пиротехника кој се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.

Министерот вели дека се приведени лица, со кои се одвива разговор за причините за пожарот.

Ќе се утврди одговорност, со име и презиме, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Сакам да ја уверам македонската јавност дека во овој случај ќе се утврди одговорност точна со име и презиме“, рече Тошковски и замоли за разбирање во овие тешки момети.

Искри од пиротехника кои се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди Тошковски.