
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази соочуство до премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 51 младо лице.
-Сакам да изразам најдлабоко сочувство до премиерот Христијан Мицкоски и македонскиот народ поради трагичниот пожар што избувна вчера во Кочани. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите, пишува на социјалната мрежа на X унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Длабоко сме потресени и искрено жалиме за страшната трагедија во Кочани, во која беа изгубени голем број животи.
Во разговор со премиерот Христијан Мицкоски изразив сочувство до македонскиот народ, пред сè до семејствата и пријателите на загинатите. На сите повредени им посакуваме што побрзо закрепнување.
Хрватска е со Македонија и нејзиниот народ, пишува Пленковиќ на X.