Осум пациенти во моментов се на скопскиот аеродром ќе се пренесат во болници во Бугарија

Осум пациенти се во моментот на аеродромот во Скопје и ќе се пренесат во болниците Пирогов во Софија и во Варна, дознава КУРИР.

Претходно три пациента од Клинички центар со возила опремени за интензивна нега тргнаа кон Солун во болницата Папаниколау.

Се известува и за подготовка за транспорт во придружба на медицински екипи кои допатуваа од Србија, а пациентите првично ќе бидат пренесени во Ниш, како и во Военомедицинската академија во Белград.