
Според последните информации кои ги преснесе Јадранка Николовска, сестрата на Владимир Блажев, попознат како Панчо – еден од двајцата членови на дуото ДНК, тој во моментов се наоѓа на една од клиниките во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Таа во изјва за ТВ Канал 5 рече дека има само малку информации кои и ги пренела сопругата на нејзиниот брат, и засега немала можност да го види. Колку што и самата знае, Панчо имал изгореници на лицето и раката, но не знае во колкав обем и од кој степен и вдишал чад при пожарот, па се наоѓа и на кислородна поддршка.
Што се однесува до останатите челенови, порталот СДК.мк пренесе дека дел во болница, дел на домашно лекување, според кажувања од семејството на еден музичарите и од тимот на групата.
Според информациите кои ги имаат досега, музичарите се однесени во болница, дел во Скопје, дел во Штип.
Еден од членовите на бендот е на домашно лекување во Скопје. Откако се случил пожарот, бил однесен во болницата во Кочани, каде што примил инјекција со кортикостероид, а потоа пријатели со автомобил го однеле дома во Скопје.
Од семејството на музичарот ни рекоа дека членовите на бендот меѓусебно не знаат кој е во каква состојба. Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите.