Посебен петчлен тим обвинители ќе ја истражува трагедијата во Кочани

Од Обвинителството информираат дека е формиран обвинителски тим кој ќе ги утврдува причините за трагедијата во Кочани.

Од Обвинителството информираат дека е формиран обвинителски тим кој ќе ги утврдува причините за трагедијата во Кочани.

Во обвинителскиот тим се вклучени 5-мина обвинители од Кочани, Штип и Скопје

„Јавниот обвинител на Република  Македонија формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија во Кочани. Обвинителите заедно со останатите надлежни служби се на терен“, велат од Обвинителството.

Приведен е инаку сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина најмалку 51 лице. Според информации, дискотеката во која избувна пожарот работела повеќе години, а приведениот сопственик бил постојано во сопственичката структура на објектот. Лиценцата за работа на дискотеката и истекувала на 24-ти март.