Приведен Александар Карадакоски, сопственик на фирмата што раководела со „Пулс

Александар Карадакоски, сопственикот на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“ која раководела со дикотеката „Пулс“ е приведен, објави Телма.

Фирмата имала блокирана банкарска сметка и е формирана на 29 мај 2020 година. Карадакоски е и директор на фирмата. Според последните бројки фирмата била во минус во 2023 година од околу 3.000 евра.

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент, во врска со трагедијата во Кочани, има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој кривично-правен настан се починати, дел се во болница, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Четири осомничени лица се во болница. Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџира дискотеката. Дел од приведените лица кои моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина, согласно доказите кои ги имаме до сега. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина, рече Тошковски.

Приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во Министерство за економија, приведен е и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата.