
Во недела ќе преволадува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
И во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Највисоките дневни темперратури ќе бидат во интервалот меѓу 12 и 25 Целзиусови степени.