Kрис Павловски донираше еден милион денари за настраданите

Канаѓанецот со македонско потекло, Kрис Павловски, основач и извршен директор на „Рамбл“ и член на Управниот одбор на Македонија2025, објави на социјалните мрежи дека донирал еден милион денари за настраданите во трагедијата во Кочани.

„Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите“, напиша Павловски на социјалните мрежи.