Мицкоски по средбата со Стојаноски и Дурмиши: Започнува теренска контрола на сите субјекти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во понеделникот одржа координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, информираат од владината служба за односи со јавноста..

Било разговарано за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн.

Воедно, Владата информира дека во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации.