Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства кои бендот ДНК сами ги донеле

Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Вчера на 16.03 Македонија ја задеси ужасна трагедија во која загинаа 59 лица а повредени се 163. Пожарот настанал од употреба на пиротехнички средства, а во во објектот имало вкупно 500 лица, а биле продадени 250 карти, увидот го врши тим на обвинители, екипи на МВРи други надлежни институци, изјави Тошковски.

Од извршен разговор со член на ДНК, пиротехничките средстава ги обезбедил бендот. Лицето за нивна употреба починало во несреќата. Распишаната потерница за четирите лица еповлечена и истите се обезбедени, рече Тошковски.

Тошковски информираше дека 45 лица од повредените се во критична состојба, се транспортират во странство, а владата се труди да овозможи соодветно згрижување и лекување на истите.