Променливо облачно и посвежо со повремен дожд

Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Во Скопје денска ќе биде променливо облачно, попладне, а особено во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, повремено во форма на невреме со засилен ветер.

Утринските температури се движат меѓу 2 и 7, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 5 до 20 Целзиусови степени.