
Ребека со статус на Фејсбук информира дека состојбата на Панчо од ДНК, кој настрада во пожарот во дискотеката во Кочани, е влошена.
„Драги и почитувани пријатели,
Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.
Панчо мил, Те молам не се предавај!!!
Владимир е во Систина префрлен вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е“, јавува на социјалните мрежи пејачката Ребека.