Алфа ТВ: „Цивил“ и Џабир Дерала прават злоупотреба на трагедијата

„Цивил” со неосновани и тенденциозни напади до ТВ Алфа, реагира националната телевизија.

„Во нашите објави никаде не беше спомнато дека тие се организатори на протестот во Скопје како што се манипулира во нивната објава на социјалните мрежи, ниту пак имало говор на омраза или поттик за истото.

Додека Македонија тагува, а семејствата на жртвите сè уште не ги испратиле своите најблиски на вечен покој, т.н. Цивил и Џабир Дерала го покажуваат најдолниот облик на злоупотреба – користење на човечката трагедија за лични пресметки и политички манипулации.

Се поставува прашањето во кое својство Џабир Дерала е повикан да реагира и кому му даде право да се јавува како судија за македонското новинарство?

Ова е потврда дека токму најдолните особини на човечката природа се вкрстуваат во Џабир Дерала и луѓето од т.н. Цивил. Тие не само што се кријат зад „граѓаните“, туку и класично ја злоупотребуваат трагедијата, покажувајќи крајно неморално однесување.

Сè додека Џабир некој напаѓа – добро е. Заштитникот на ДУИ и човекот кој не кажа ниту еден збор против нив цели седум години, додека истовремено ги охрабруваше „шарените“ кон анархично однесување, сега се јавува како морален арбитер.

Постоењето на такви како него има и една позитивна улога – тие се јасен показател до каде може да оди злоупотребата на трагедиите и кои се крајните граници на некои негативни елементи на човековата природа.

Ова не е време за препукувања, туку за сплотеност и почит кон жртвите. Но, токму тие што најмногу зборуваат за етика и морал покажаа дека за нив нема ништо свето кога се во прашање личните и политичките интереси“, наведено е во реакцијата на националната телевизија.