
Хрватскиот фудбалски клуб Горица денеска отвори книга на жалост во чест на загинатиот фудбалер Андреј Лазаров, чив поранешен член е.
„На Градскиот стадион Велика Горица беше отворена Книга на жалост за нашиот драг Андреј Лазаров, нашиот поранешен играч, кој прерано го напушти овој свет… Секој што сака да се потпише во Книгата на жалост тоа може да го направи од денеска до четврток, 20 март, на источниот влез на стадионот“, стои во обајавата на клубот.
Младиот кочанчанец, кој го изгуби својот живот во трагедијата во клубот Пулс, оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше уште за Рудеж од Хрватска, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.