ФОТО| Македонија во тага и болка, а СДСМ ја политизира трагедијата во Кочани

Кочанчани вечерва се собраа на плоштадот во градот барајќи правда за жртвите на трагедијата која се случи во неделата во дискотеката „Пулс“.

Член на СДСМ се обиде да го исполитизира собирот со тврдење дека наводно полицаец го обвинувал оти поттикнувал насилство.

Видео од членот на СДСМ е објавено на профилот на интернет портали, блиски до оваа партија, на социјалната мрежа Инстаграм.

Лицето се претставува како Стојан Рашков и за себе тврди дека е активист, но не прецизира дека всушност е партиски активист на СДСМ.