Киев загрижен дека Русија ќе ја добие контролата над пристаништето Одеса, по разговорите меѓу Трамп и Путин

Најавениот разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи од рано попладнето 16 до 18 часот по московско време, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додека Киев стравува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се согласи да и ја предаде контролата на пристаништето во Одеса на Русија, пишува The New York Times, повикувајќи се на помошници на Володимир Зеленски.

„Тие (во Киев) се загрижени дека Трамп би можел <…> да се согласи Москва да добие контрола над делови од Украина), вклучително, можеби, и над критичното пристаниште Одеса“, се вели во написот.

Станува збор за најголемиот град на Црното Море, на кој Русија полага право, повикувајќи се дека во XVIII век го основа руската царица Катерина Велика. Одеса инаку е со големо, можеби и мнозинско руско и рускојазично население, и во превратот во Киев 2014 година беше цел на војските лојални на новите прозападни власти и сцена на жестоки судури меѓу националистичките унијати дојдени од западто на Укрaина кои во мај 2014-та подметнаа пожар во Синдикалниот дом во кој се засолнија припадници на руското и рускојазичното население. Во тој напад и подметнат пожар беа убиени или живи изгореа 42 луѓе, но до денес никој не е повикан на одговорност за тоа злосторство.

Како што изјави минатата седмица американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, решавањето на конфликтот ќе вклучува територијални отстапки од страна на Киев во замена за идни безбедносни гаранции. Трамп, пак, и претходно посочи дека смета дека е малку веројатно Украина да се врати на своите граници од 2014 година, истакнувајќи дека неговата цел е да ги прекине борбите под услови кои се корисни за двете страни.

Претходно американскиот портал веб-страницата Semafor објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го признае Крим, кој Русија го присоедини по прозападниот преврат во Киев 2014 година кога тамошното мнозинско руско и рускојазично население се одлучи за „враќање во матицата“ земја, како руска територија во евентуалниот иден мировен договор за ставање крај на војната во Украина.

Песков на редовниот брифинг со новинарите во Кремљ, истакна дека Путин и Трамп ќе зборуваат онолку колку што сметаат дека е потребно.

„Има голем број прашања во врска со натамошното нормализирање на нашите билатерални односи, во однос на украинската регулатива. Сето ова ќе треба да го разговараат двајцата претседатели“, објасни портпаролот на рускиот претседател.

Најави дека Кремљ се одлучил за формат на соопштение по разговорите на двајцата челници и не се очекува орите не се очекува обраќање на Путин.

Трамп и Путин последен пат разговараа телефонски на 12 февруари, а кога разговорите траеја речиси час и половина. Меѓу другото, тие разговараа и за решавање на украинската криза. Шефовите на држави тогаш се согласија да продолжат со контактите, вклучително и за прашањето за организирање лична средба.